На крстосницата на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Куратица, вчера, во 20.15 часот, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во незгодата учествувало патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен охриѓанец.

Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот од Охрид и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“. Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews