Две лица побарале да им биде разменета банкнота од 100 евра во спортска обложувалница во Струга за која подоцна била утврдено дека е фалсификат.

На 07.02.2022 во 23.15 часот во ОВР Струга, вработен во спортска обложувалница на ул.„Маркс Енгелс“ пријавил дека во 22.12 часот во обложувалницата две лица му побарале да им размени банкнота од 100 евра, за која подоцна утврдил дека е фалсификат. Банкнотата била одземена за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во Билтенот од МВР. 

 

 

OhridNews