На улицата „Илинденска“ во Охрид, вчера, во 15.25 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 61-годишна охриѓанка и патничко возило „Опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишно лице од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила жената која го возела Мерцедесот, а со телесни повреди се здобил и возачот на другото возило, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews