Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 82-годишно лице од струшкото село Подгорци и 56-годишно од селото Калишта.

– Пријавениот нелегално односно без одобрение, на катарстарска парцела во селото Подгорци започнал со градба на ограда со должина од 6,90 метри  и висина од 0,35 метри. Второпријавениот со нелегална градба отпочнал на катарстарска парцела во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од страна на градежна инспекција при Општина Струга донесено е решение за  отстранување на нелегалните градби.

OhridNews