Две лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа во 2:15 ч. се случи на регионалниот пат Струга – Дебар, кај село Велешта.
Јетмир Сефери (30) од с. Радолишта, управувајќи ПМВ „фолксваген голф”, на местото каде патот се дели за Велешта и Дебар, со возилото излетал од коловозот, удрил во камена ограда, се превртел и завршил во двор на семејна куќа. Во несреќата на лице место починале возачот и неговиот сопатник Блерим Даути (33) од Струга.
Од „Голфот“ не останало скоро ништо
На лице место увид извршија полицијата и истражен судија. Како причина за несреќата се наведува преголемата брзина. На местото нема траги од кочење. Соседите со кои разговаравме го слушнале страотниот удар, по што како што кажаа се чула и експлозија. Од силината на ударот возачот и совозачот починале на лице место.
Местото на несреќата на влез од Велешта
Траги од крв на местото од несреќата
Возачот што го управуваше специјалниот камион со кој беше отстранет „голфот“ од местото на несреќата, рече дека „во живот не видел олку уништена кола и дека возачот сигурно возел со 200 на саат.“ Во дворот од куќата каде влетала колата имаше траги од крв, а цел блок на моторот беше исфрлен од колата. Жителите на Велешта велат дека ова не е прв пат на ова место да се случуваат сообраќајни несреќи со трагични последици. Според нив близината на ѕидот од куќа до регионалниот пат и непочитувањето на сообраќајните прописи се причина за многу жртви на ова место.
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Вечерва од 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ од Милчо Јованоски Филмот е во продукција на НУБ „Григор Прличев“ Охрид Всушност тој е интервју со проф...
Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај операто...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.