Во Скопје вчера се одржа основачко собрание на новата политичка партија Граѓанско Демократска Унија ГДУ. За нејзин прв претседател е избран Петар Колев, претседастел на Македонско – бугарското движење за пријателство.

-Новиот политички субјект ќе работи за воспоставување на правна држава, воведување на ред и правдина и нејзин просперитет. Македонија треба да стане силна и безбедна држава за сите нејзини граѓани. – рече Колев.

На Основачкото собрание беа присутни околу 200 делегати, меѓу кои и од Охрид, како и гости од Европскиот парламент и дипломатскиот кор во земјата.

 Новата партија ГДУ е со десно-центристичка ориентација.

OhridNews