Пласманот на Мундијалот во Шпанија ќе остане неостварен сон за македонските ракометарки, откако претрпеа висок пораз 33-22 од Романија, во првиот натпревар од баражот.

„Црвено жолтите“ имаа мотивација и желба, но неможеа да се носат со квалитетот на Романија, кој неколку пати дојде до израз во текот натпреварот. Романките прв пат на гаста нагазија во 15-та минута кога со серија од 7-0 се одлепија на 12-4. Македонија се консолидираше и до крајот на првиот дел ја преполови негативата за 15-11 на одморот.

Нашите ракометарки добро отворија во вториот дел и стигнаа до 17-14 и напад кој не го реализираа. Романките уште еднаш стиснаа на педалата, правејќи серија од 5-0 за нови осум голови позитива. Македонија не се предаде, но домашната селекција залетот го искористи за убедлив триуфм и билет за СП во Шпанија.

Прв стрелец во Романија беше Неагу со 12 голови, а Динча и Пинтеа реализираа по 5. Во нашата селекција најефикасна беше Ристовска со 8 погодоци.

Реваншот се игра в среда во Скопје.

OhridNews