По повод 76 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев” и Денот на армијата , Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца заедно со локалната самоуправа на општина Дебрца, организираат народен собир што ќе се одржи на 18 Август, недела, на споменикот на Славеј Планина со почеток во 10.30 часот.
Настанот ќе започне со изведба на државната химна на Македонија, по што ќе следи Полагање на свежо цвеќе пред споменикот, а пред присутните ќе се обратат претседателот на ГО на СБМ, Д-р Никола Стојаноски, како и потпретседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца, проф. по историја Љубиша Машановиќ кој ќе говори за значењето на настанот.
OhridNews












