Охрид вечерва ќе им се придружи на 7000 градови во светот кои во рамки на акцијата „Час на планетата Земја“ во 20.30 часот по локално време ќе го исклучат јавното осветлување на познати објекти во времетраење од еден час

Во Охрид во мрак ќе потонат Црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини. 

Годинава глобалната акција „Час на планетата земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“.

Акцијата ќе ја поддржат милиони луѓе ширум светот кои вечерва симболично еден час ќе ги исклучат светилките во своите домови за спас на планетата Земја.

OhridNews