Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што се случуваше синоќа во Чаир, јавува „Макфакс“.

Според информациите од терен, во жртвите било пукано од автоматско оружје, а за случајот сѐ уште не е приведен никој.

Настаните се одвиваа на улицата „Лазо Трповски“, при што загина И.А.(35) додека Љ.Ќ (52) синоќа беше префрлен во Градската болница.

Неофицијално, се работи за престрелка на две групи, поради нерасчистени сметки за трговија со дрога.

МВР работат на расчистување на случајот.

OhridNews