Шест лица се лишени од слобода, а вкупно имало седум пријави за семејно насилство во државава во последното деноноќие. Дел од пријавите се во Куманово, Битола, Неготино, Скопје, Дебар, а една пријава има и во Охрид, информираат од МВР.
СВР Охрид лиши од слобода 67-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга, наведуваат од МВР.
Воедно, посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
OhridNews













