Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вечерва се случи на влезот од село Лескоец, oхридско.

Патничко моторно возило удрило во пешак, кој починал, кусо информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. 

Во тек е увид, а повеќе детали за немилиот настан СВР Охрид најави за утре.

Г.М.