Еколошиот одбор, сите вработени и ученици од ОУ Ванчо Николески – Лескоец заедно со подрачните училишта во Куратица и Косел се придружија кон хуманитарната акција „Едно капаче – Една надеж“. Учениците секој ден трена да собираат и доставуваат капачиња кои ќе бидат испратени во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе биде донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.
Од ОУ „Ванчо Николески“ ги повикуваат сите граѓани и ученици на Охрид да се приклучат кон оваа хуманитарна акција.
Акцијата ја иницираше Македонска Медицинската студентска асоцијација – ММСА.
OhridNews












