СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во периодот од 21.00 часот на 16.06.2017 година до 07.00 часот на 17.06.2017 година, пријавениот со употреба на алат влегол во погон за производство на мебел и одзел поголема количина рачен алат со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 30-годишен охриѓанец. Во текот на март, април и мај оваа година, лицето тешките кражби ги сторил во неколку цркви во Охрид и околните населени места, како и во една џамија во Охрид.
Во црквата “Св.Тома“ во с. Лескоец, пријавениот одзел околу 600 денари. Во црквата “Св.Цар Костадин и Елена“ во Охрид влегов внатре, но не одзел ништо. Исто така, влегол и во црквите “Св.Наум“, “Св.Тома“ и “Св.Спас“ во селото Лескоец каде одзел одредена сума на пари. На 01.05.2017 година во раните утрински часови, пријавениот влегол во џамија на ул. „Гоце Делчев“ од каде одзел 1000 денари.
OhridNews












