Кај уште едно лице лабараториски е потврдено присуство на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство.
Како што пренесува државната агенција „МИА“, станува збор за дете на едногодишна возраст, хоспитализирано на Клиниката за детски болести, со треска и покачена температура, со полесна форма на болеста, без тешки компликации, како менингит и енцефалит.
Според податоците од Институтот за јавно здравје на Македонија, од пет лабораториски анализи, доставени од Клиниката за детски болести, една (на детето) била позитивна, а четири негативни.
На Клиниката за инфективни болести се уште се лекува двеиполгодишното дете, кое и натаму е во потешка здравствена состојба, додека останатите две лица (7-годишно дете и повозрасен маж) по успешното лекување се пуштени дома.
Во Македонија досега се евидентирани шестмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со ...
Во селото Оровник во општина Дебрца во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура Проектот опфаќа целос...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.