Во Камиен Поморски , Полска заврши Европското првенство во едрење во класата Оптимист. На првенството зедоа учество 247 едиличари од Европа и гостите од САД, Бразил, Нов Зеланд и Јапонија.


Македонските едриличари Димитар Поп-Стефанија заврши на 126 место додека  Новица Велјаноски на 143 место. – Ова е втор настап на Оптимистите на Европските првенства и е забележан напредок. Значајно е искуството кое го собираме на вакви големи натпревари, после кои македонските едриличари се се` поуспешни на меѓународните регати- велат од ЕФМ.


 

Во Истанбул, Турција започна Волво ИСАФ Светскиот младински шампионат на кој во наредните седум дена со 350-те најдобри млади едиличари силите ќе ги одмери и македонскиот едриличар Ердал Лусо во класата Ласер Радијал.

 

Едрилицарските клубови Бофор и Стрмец од Охрид го објавија расписот за 42 издание на Меѓународната  Илинденска едриличарска регата 2010, која ќе се одржи во Охрид од 31. јули- 02.август 2010г .

Ohridnews