Невладината организација „Мултикултурна мултилингвална Македонија“ бараат Египќаните да бидат вметнати во Преамбулата на Уставот на Република Македонија како посебна етничка заедница.

Невладината „Мултикултурна мултилингвална Македонија“  најави дека ќе иницира донесување Закон против дискриминација бидејќи, како што беше речено, претставниците на оваа етничка заедница многу често се понижувани и малтретирани.Демир Далип  на прес конференцијата што се одржа во просториите на Црвен крст, побара од градоначалникот да ги испони ветувањата дека ќе обезбедел канцеларија за невладината организација на египќаните и дека ќе ги асфалтирал улиците каде живеат припадниците на оваа етничка заедница.


Египќаните ќе бараат помош од Ахамадинеџад?

Како што истакна  Далип, организацијата писмено ќе се обрати до Арапска Република Египет и Исламската Република Иран од кои ќе биде побарана помош пред се за решавање на проблемот со ниската стапка на образованост меѓу Египќаните.