ГРК Охрид денеска го игра првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага.

Противникот од Чешка е исклучително силен, со трофејно европско минато, оттаму респектот е голем, но Охрид има свои математики.

Подготвени сме за предизвикот. Противникот игра брз ракомет во двата правци, поради што ќе треба максимален фокус во текот на целиот натпревар доколку сакаме да оствариме добар резултат на домашен терен, велат од ГРК Охрид.

Клубот упати апел до навивачите да дојдат во што поголем број во салата “Билјанини извори” бидејќи неопходна е нивната поддршка во битката за европска пролет.

Преостанатите карти за мечот можат да се набават на билерата при СРЦ “Билјанини извори” од 13 часот.

Натпреварот почнува во 18 часот, а вратите на салата “Билјанини извори” се отвораат во 16:30 часот.

Г.М