Сагата околу настапот на Ренато Вугринец за Македонија заврши со несреќен крај за националната селекција. Европската куќа на ракометот на седницата во Белград донесе одлука дека Вугринец нема право за настап под знамето на Македонија на континенталниот собир во Данска следната година.

Вториот ракометар Немања Прибак, кој побара селекторот Ивица Обрван да биде натурализиран ќе има право на настап во втората фаза.
Македонија натпреварите на ЕП ги започнува против домаќинот, во втората рунда ќе играат против Чешка, а групната фаза ја завршуваат во Австрија.
Мх.П.










