Патувачко кино на ЕХО Фестивалот на планински филм во Охрид ја објави програмата. Во соработка со Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12 ќе биде организиран тридневен настан посветен на вљубеноста на охриѓани во планините и природата.

На 29 ноември со почеток од 19 часот охриѓани ќе можат да се дружат со заедницата од својот град, која е силно вљубена во планините и која слави троен јубилеј: 60 години планинарство, 40 години алпинизам и 20 години Планинска Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид!, информираат оранизаторите.

Во следните два дена пак, ЕХО ќе сподели дел од својата најактуелна програма – од овогодинешното издание.

Во среда на 30 ноември на програмата се:
19:00 „Балкан Експрес“, Филип Бекер/Јоханес Мулер, Германија, 2022, 40’
19:40 „Поврзување“, Ник Ковалски, Нов Зеланд, 2022, 30’
20:10 „Доме слатки доме“, Ентони Комарницки, Франција, 2021, 16’
20:30 ПАУЗА
20:45 Филм на Кочо Недков
21:00 „Даулагири е мојот Еверест“, Павол Барабаш, Словачка, 2021, 64’

Во четврток на 1 декември:
19:00 „Одмор на Бафин“, Сара Мекнер Лендри/Ерик Бумер, Канада, 2022, 13’
19:13 „Адам Ондра: Поместување на границите“, Јан Шиманек/Петр Заруба, Чешка, 2022, 77’
20:30 ПАУЗА
20:45 Филм на Кочо Недков
21:00 „На висина: развојот на медицината за големите висини“, Давид Пихлер, Германија, 2021, 73’

Програмата ќе биде реализирана во просториите на центарот на Планинската Спасителна Служба.

OhridNews