Европската комисија го заклучи текстот на преговарачката рамка со нашата земја, по кој треба да се изјазнат членките на ЕУ. Се работи за драфт верзија рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој изрази очекување дека до октомври ќе биде готова финалната верзија на документот, според кој земјава ќе ги отпочне преговорите за членство во Унијата.

Османи истакна дека во нацрт верзијата на преговарачката рамка се инкорпорирани Копенхагенските критериуми, но и новите правила на ЕУ кои предвидуваат построги механизми, согласно кои земјата не ќе може да се движи напред доколку не покаже соодветни реформски резултати, но исто така може да биде вратена и назад, дури и повторно да бидат отворени одредени поглавја кои веќе биле затворени.

Брзината и напредокот ќе зависи само од нас, рече Османи, додавајќи дека од исполнување на критериумите ќе зависи и пристапот до европските развони фондови.

Антокорупциската политика е високо на агендата во преговарачката рамка, во која се предвидени мерки за спречување на корупцијата во секоја област поединечно. Дел од преговарачката рамка се и договорите со соседите, нивната имплементација и билатералните односи, истакна Османи.

Баз оглед кој ќе биде исходот од претстојните избори се надевам дека ќе имаме стабилна политичка влада која сериозно ќе ја сфати и реализира европската агенда, додаде вицепремиерот Османи.

OhridNews