На екипата на националната телевизија Алсат М вчера не и било дозволено да ја следи седницата на Советот на општина Струга.

Имено, според изјавата на новинарот Мики Трајковски, претставник на обезбедувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, не дозволил присуство на седницата на Советот на екипата на Алсат М, на која и било речено да ја напушти салата за да немаат дополнителни проблеми. На нивно прашање зошто го прави тоа, лицето изјавило дека така му наредил неговиот шеф.

На седницата еден од советниците од говорница побарал образложение од градоначалникот и претседателот на советот на општината  кои се причините поради кои екипата на Алсат М е избркана, на што било одговорено дека не била избркани туку дека сама си заминала, вели новинарот Трајковски, посочувајќи дека седниците на советите се јавни и транспарентни и покрај медиумите, на нив без проблем може да присуствуваат и граѓани.

Градоначалникот Мерко на прашање на новинарската екипа во врска со инцидентот не дал одговор.

За случајот е известена Регионачлната канцеларија на Здружението на новинари на Македонија која го осудува попречувањето на новинарската екипа на Алсат М во извршување на професионална задача. ЗНМ за инцидентот ќе побара објаснување од градоначалникот на Струга.

OhridNews