Финалето на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“ донесе одличен фудбал во кој уживаше илјадната публика. Во меч полн со возбудувања и убави потези, екипата на АСП ПАК од Охрид сосема заслужено славеше над Кафе Бар Коко од Скопје во чии редови има неколку футсал репрезентативци на Македонија, со убедливи 4:0.

Екипата на АСП ПАК победник на 50-то издание на турнирот „Петровден Мешеишта. Фото: А. Момироска/OhridNews

Првото полувреме мина во тактичко надмудрување. Иако немаше голови, беше виден допадлив фудбла. АСП ПАК играше висок пресинг со кој противникот тешко доаѓаше до простор да наметне своја игра. Сепак во неколку ситуации играчите на Кафе Бар Коко испратија опасни удари од далечина и тоа беше речиси се од нив.

Високиот пресинг на АСП ПАК на почетокот на вториот дел ги натера на грешка играчите на Кафе Бар Коко која со гол ја казни Мишо Ѓорѓиески во 28 минута. Во 36 минута Нико Пластиноски го дуплира водството на АСП ПАК, а минута подоцна Ѓорѓиески зголеми на 3:0. Најдобриот играч на финалето кој е прогласен и за играч на турнирот во 50 минута коплетираше хет трик и ги постави конечните 4:0.

Најдобриот играч на турнирот – Мишо Ѓорѓиески. Фото: А. Момироска/OhridNews

Статистика:

АСП ПАК – Кафе Бар Коко 4:0

Игралиште во Мешеишта, гледачи 1000

АСП ПАК: Дејан Милошески, Мишо Ѓорѓиески, Никола Угриноски, Стеван Петрушески, Нико Пластиноски, Бошко Наумоски, Шенол Меди, Наум Таулоски, Благоја Лолески, Кристијан Петкоски.

Кафе Бар Коко: Мирко Соколов, Зоран Левески, Марио Благоевски, Марио Антевски, Никола Стојаноски, Иван Крстевски, Бојан Јанев, Андреј Јаневски, Стефан Димовски, Димитар Јанев.

Судии: Марјан Ецкоски и Никола Стрезоски

Стрелци: Мишо Ѓорѓиески 28, 37 и 50 мин. Нико Пластиноски 2:0. 36мин. Мишо Ѓорѓиески 37 мин.

Најдобар стрелец на турнирот е Марио Благоевски од Кафе Бар Коко, наградата за најдобар млад играч заврши во рацете на Бојан Јанев – Кафе бар Коко, за најдобар голман прогласен е Наум Таулоски од АСП ПАК, а наградата за најдобар играч отиде кај Мишо Ѓорѓиески од победничката екипа на АСП ПАК.

Најдобaр голман на турнирот – Наум Таулоски. Фото: А. Момироска/OhridNews

Финалната вечер на турнирот Петровден – Мешеишта ја збогати КУД „Св. Петар и Павле“ од Мешеишта, а публиката имаше можност да ужива и во ревијален натпревар на фудбалските надежи од школата „Фер Плеј“.

Претходно, во малото финале, екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа ја совлада екипата на Кафе бар 9 со 1:0.

Фото галерија: 

Екипата на АСП ПАК го освои трофејот на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“

Турнирот оваа година имаше рекоден награден фонд од 500 000 денари, а победникот освои 300 00 денари.

Г.М.
Фото: А. Момироска