Во натпревар за 3 место на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, што се одигра вечерва, Инекс Олгица Хотел и Спа  ја совлада екипата на Кафе бар 9 со 1:0.

Победникот на натпреварот кој мина во цврста, на моменти и преостра игра и тензии помеѓу играчите, беше решен во средината на првото полувреме. Стрелец на единствениот гол вреден трето место беше Мики Стевановски.

Статистика:

Кафе бар 9 – Инекс Олгица Хотел и Спа 0:1

Игралиште во Мешеишта, гледачи 1000

Кафе бар 9: Тони Прќакоски, Кристијан Цацаноски, Борче Китрозоски,, Христијан Китрозоски, Филип Вранишкоски, Оливер Колоски, Антонио Ристевски, Адем Цаноски, Лука Богданоски, Валентин Ѓоргиевски.

Инекс Олгица Хотел и Спа: Оливер Митрески, Мики Стевановски, Александар Целески, Душан Новичиќ, Никола Димов, Михаил Ристески, Стеван Голабоски, Дарко Цветаноски, Албнор Каба, Меритон Мерко.

Судии: Марјан Ецкоски и Никола Стрезоски

Голови: Мики Стевановски 0:1.

Фото галерија:

Победникот на турнирот Петровден Мешеишта ќе биде познат вечерва кога се игра финалето помеѓу екипите на АСП ПАК од Охрид и Кафе Бар Коко од Скопје.

Г.М.