Сто и двасет пријави за настанати штети од земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтер кој вчера го погоди Охрид стигнале до локалната самоуправа. На помош на градот пристигнаа екипи на Институтот зa земјотресно инжинерство од Скопје кои вечерва заедно со градоначалникот Бакрачески беа во увид на неколку оштетени објекти, меѓу кои и на детската градинка Јасна Ристеска. Тие ја посетија и куќата на Јанкови на улицата Димитар Влахов, една од најстарите во градот, која има претрпено поголеми оштетувања.
Тимовите на ИСИЗ во текот на утрото ќе продолжат со обиколка на посериозно оштетените објекти со цел да се направи соодветна проценка и навремено да се реагира на местата каде што има посериозни оштетувања.
Г.М.











