Традиционалниот турнир во мал фудбал Петровден-Мешеишта стигна до самата завршница во која се најдоа екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Коко.

АСП ПАК избори пласман во финалето на турнирот во драматичен меч со Кампинг Љубаништа по изведување пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а по изведување на пенали АСП ПАК славеше со 4:3.

Во второто полуфинале екипата на Кафе Бар Коко убедливо славеше над Инекс Олгица Хотел и Спа со 5:1.

Големото финале на турнирот Петровден- Мешеишта помеѓу АСП ПАК и Кафе Бар Коко, традиционално ќе се одигра на празникот Петровден, 12 јули, во 22:30 часот.

Финален ден, сабота 12.07.2025

Натпревар за трето место:

20:30 Кафе Бар 9 – Инекс Олгица Хотел и Спа

Ревијален натпревар:

21:30 ФК Фер Плеј Охрид генерација 2015/2016 и помлади

Финале:

22:30 Асп Пак – Кафе Бар Коко

Г.М.