Традиционалниот турнир во мал фудбал Петровден-Мешеишта стигна до самата завршница во која се најдоа екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Коко.
АСП ПАК избори пласман во финалето на турнирот во драматичен меч со Кампинг Љубаништа по изведување пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1# а по изведување на пенали АСП ПАК славеше со 4:3.
Во второто полуфинале екипата на Кафе Бар Коко убедливо славеше над Инекс Олгица Хотел и Спа со 5:1.
Големото финале на турнирот Петровден- Мешеишта, традиционално, помеѓу АСП ПАК и Кафе Бар Коко,ќе се одигра на празникот Петровден, 12 јули, во 22:30 часот.
Финален ден, сабота 12.07.2025
Натпревар за трето место
20:30 Кафе Бар 9 – Инекс Олгица Хотел и Спа
21:30 Ревијален натпревар ФК Фер Плеј Охрид помеѓу генерација 2015/2016 и помлади
Финале
22:30 Асп Пак – Кафе Бар Коко
Г.М.