Со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници во Охрид екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 11-ти до 17-ти април, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината.

Отстранети беа дефекти на следните улиците „8ми Март” , автокамп „Андон Дуков”, „Марко Нестороски”, „Прилепска” , „Железничка” , „Стив Наумов”, „Кеј Македонија” , „Радојца Новичиќ” , „Кузман Капидан”, „Григор Прличев” и с.Горно Лакочереј, велат од претпријатието.

Воедно додаваат дека со цел подобар проток и регулација на водоснабдувањето во населбата Горно Коњско бил поставен шибер со профил ф100.

OhridNews