На свеченост што се одржа синоќа во ресторан Лихнидос, еколошкото здружение Еко Фап одбележа 2 години постоење.
За овој период кое потекна од бродарската заедница во Охрид реализираше бројни еколошки акции на пристапни и непристапни терени. Здружението репарира и оспособи неколку стари камиони кои ги стави во функција на екологијата, како и противпожарни возила со кои волонтерски делува при гаснење пожари, а се подготвува уште една дејност од корист на заедницата.
Нашиот план е апсолутна насоченост кон дејствувањето на вода, помош при природни катастрофи, помош на луѓе затекнати во неволја, пожар на пловен објект.. Се надевам дека на едно следно вакво видување ќе можеме да направиме промоција на тоа што го планираме во блиска иднина. Две години поминаа, може ќе поминат уште две, но нема да оставиме да поминат многу години, туку ќе гледаме некако да вршиме еден поттик да ги анимираме сите позитивни идеи за Охрид, рече во обраќањето пред присутните Горан Устијаноски основачот на ЕКО ФАП.

Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на сите ваши барања комплетно и ќе ви дадеме основа да што е можно повеќе да реализирате од проектите и да се насочиме сите заедно на уште главен проект а тоа е едукацијата, бидејќи ниту вие ниту јавните претпријатија не можете да исчистите, колку што ние граѓаните можеме да оставиме отпад. Затоа во иднина мора да посветиме повеќе внимание на едукацијата за да помогнат сите жители на Охрид за поубав и почист град, истакна Сашо Донев претседател на Совет на Општина Охрид.
На свеченоста на која присуствуваа претставници на јавниот живот од градот, волонтери и пријатели на Еко Фап беше прикажан краток филм во кој беа поместени најзначајните акции на здружението.
OhridNews


















