Општина Охрид-Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП „Галичица“, по повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови, организира еко хепенинг.

Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад на 20-ви јули(петок) од 19 до 21 часот. Во рамки на хепенингот предвидено е да се изврши промоција на Системот на патеки во Националниот парк  „Галичица“, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за Системот на пешачки и велосипедски патеки во рамките на Националниот парк, преку кои може да се стигне до планинската куќа Асанѓура, излетничките места и видиковците, пештерата Саматска дупка и другите природни убавини со кои изобилува планината Галичица. 

Проектот за Прослава на денот на националните паркови е дел од проектите за одбележување на значајните денови од екологијата кои се реализираат во склоп на годишната програма за заштита на животната средина и природата.

OhridNews