Ротари Македонија, како дел од дистриктот 1912 оваа година за прв пат по 23 годишно активно делување во нашата земја, на 12 мај со почеток во 10.30 ќе го одржи првиот Ротари ден. За првиот Ротари ден во Македонија се организира акција за собирање и селекција на отпад, која ќе се одвива паралелно во сите градови каде има Ротари клубови. Оваа акција под мотото: Ракавици, Кеса, Селекција, сите во Екоација, ќе реалзира во партнерство со Пакомак. Целта на оваа екоакција не е само чистење на одредни локации, туку и преку дружење на ротаријанците заедно со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепцијата за чистата околина и значењето да се има чист град.

Екоакцијата ќе се одвива паралелно во 13 градови во Македонија. Во Охрид, Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе и Битола. На 12 мај, со почеток во 10.30 часот во Охрид ќе се чисти централното градско подрачје.

Ротари клубовите од цела Македонија ги покануваат сите граѓани во споменатите градови да се приклучат на екоакцијата и со овој мал чекор, заедно, преку дружење да се изгради почиста иднина и средина за живеење.

Ротари како сервис организација и понатаму останува да делува со различни проекти кои ја помагаат заедницата, истата ја поттикнуваат повеќе да помага и да се грижи за ранливите групи, но и преку поголемо залагање на бизнис заедницата да делува на развојот на земјата и да ги поддржува сите оние прогресивни млади луѓе кои се иднината на оваа земја.

OhridNews