По неколку неформални средби група на ентузијасти го формираше новиот спортски субјект во Охрид планинско-друмски велосипедистички клуб “Екодром. Идејата за формирање на ваков клуб постoела одамна, но поради најразлични околности не дошло до нејзина реализација , главна цел на клубот ќе биде популаризација на велосипедизмот во пошироки граници.
– Оваа цел е примарна, но не и единствена во програмата на клубот, во нејзините рамки природно се вклучени и други аспекти: подигнување на велосипедската култура воопшто, започнувајќи од секојдневното учество на велосипедистите во сообраќајот, се до клубски активности кои можат да дадат придонес во развојот на алтернативниот и руралниот туризам – вели еден од основачите на клубот Екодром , Александар Јованоски.
екипата на “Екодром“
Името на велоспидедскиот клуб “Екодром“според основачот има посебно значење. Тој објаснува
– ЕКО ја опфаќа екологијата односно еколошкиот систем на нашето езеро обиколено со прекрасните планини Галичица, Петрино, Караорман и Јабланица, а ДРОМ, односно организирана патека, ги опфаќа сите патишта – асфалтирани, колски, планински, па и поединечни патеки по кои се движи локалното население.
Ваквото име од клубот очекуваат да привлече што поголем број членови кои ќе ја претворат околината околу езерото, во една голема патека која на велосипедистите и рекреативците ќе им овозможи да уживаат во познатите убавини на овој регион, истовремено откривајќи и нови глетки и атракции.
Запознавањаето на јавноста со новоформиранот клуб ќе биде на манифестацијата ЛЕТО 2009, која ќе го означи почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Oд 26-ти октомври до 7-ми ноември 2026 година во просториите на ШК Ласкер Охрид ќе се одржи VI Општинско првенство во шах „7-ми Ноември“, во чест на 7-ми Ноември, Ден на ослободување на Охрид, во о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.