Додавајќи уште еден бренд во богатото портфолио, Дисконт Рај ја зголеми ексклузивната понуда по која познатата охридска компанија за продажба и дистрибуција на пијалаци, напитоци и производи за широка потрошувачка е препознатлива во регионот. Имено, од неодамна Дисконт Рај е официјален и единствен дистрибутер за производите на Rauch (Браво сокови, Хепи Деј, Јипи, Кафе Мио) и вода Врњци за реон Охрид и Струга.

Под основниот бренд на компанијата „Rauch“, се наоѓаат повеќе брендови кои се присутни и препознатливи за купувачите во Македонија, по својот дизајн, квалитет и вкус.

BRAVO соковите во ПЕТ амбалажа, препознатливи во своите избалансирани вкусови, ве освежуваат и на лето и во зима. BRAVO Select производите, пак, нудат високо квалитетни нектари со голем процент на овошна свежина во лименка.

Happy Day линијата е најпознатата во Европа. Овие нектари во тетра пак пакувања во различни литражи се направени од избрано овошје и се синоним за свежина и уживање на здрав начин.

Yippy детските сокови се веќе одамна препознатливи на нашиот пазар и по својата амбалажа, и вкусовите, но исто така се направени и без дополнителни конзерванси.

Кафемио ладните кафиња, се највкусниот производ на пазарот во делот на ладните кафиња, направено во идеална комбинација со вистинско млеко од Алпите.

Уште од основањето во 1919 година па се досега Rauch останува реномиран австриски фамилијарен бизнис, сега веќе во својата четврта генерација. Нивната основна мотивација е континуирано подобрување на квалитетот и запазувањето на највисоките стандарди како основа за успехот на пазарите ширум светот.

Тоа го прави Rauch не само фамилијарна компанија туку и еден од водечките производители на сокови во Европа.

Одличните производи на светски познатиот брент Rauch од сега екслузивно во Охрид и Струга во Дисконт Рај и малопродажната мрежа во регионот.

OhridNews/PR