Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Гоце Делчев“, (од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи), вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, дел од улицата „Абас Емин“, дел од Бул.„Туристичка“, „Димитар Влахов“ вклучувајќи ги и сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од „Јане Сандански“ и долниот дел од стар град, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата.

OhridNews