Силна експлозија предизвика пожар во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. Експлозијата се слушнала околу 22 часот синоќа, по што на терен интервенирала Противпожарата единица од Битола.

Според првичните информации во пожарот во печатницата во која се печатат изборни материјали, нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета.

Во изјава за МИА директорто на печатницата Драги Милошевски рече дека е опожарена отпадна хартија и нема другу штети врз ресурсите на фабриката.

OhridNews