Силна експлозија одекнала синоќа пред седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Медиумите на македонски јазик ја пренесуваат информацијата на тетовскиот портал „Тетова сот“, кој објави дека експлозивната направа, најверојатно бомба „кашикара“ ја фрлиле лица на мотор, по што избегале.

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата работи на расветлување на инцидентот.

OhridNews