Специјалните тимови од Македонија, по викенд одморот,  утре ќе ја продолжат акцијата за за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства. Од дното кај Пештани и кај градското пристаниште деновиве беше извадена најразлична муниција, која под посебни безбедносни услови ќе биде транспортирана до локација кај кичевското село Извор, каде ќе биде уништена.


Се очекува дека од дното на езерото ќе бидат извадени околу 600 неексплодирани убојни средства, но точниот број ќе се знае по завршувањеето на акцијата која ќе трае до 21 февруари.

По завршувањето на акцијата што се реализира до донација на американското министерство за надворешни работи, во висина од 160 000 евра, доколку се обезбедат дополнителни средства чистењето на неексплодирани убојни средства ќе биде проширено и на други локации на делот од струшкото крајбрежје.

Г.М.
фото: Емилио