„Црвено белите“ за разлика од првиот натпревар во вториот дуел беа поубедливи триуфирајќи со 71-53. Антиќ за 23 минути на паркетот имаше солидни 11 поени, седум скокови и една асистенција. Најпрецизен во составот беше Спанулис со 15 кошеви.
Во останатите натпревари Реал Мадрид славеше победа втора во серијата над Макаби 75-63 и ЦСКА Москва го искористи домашниот терен забележувајќи ја втората победа против Каха Лаборал.
Единствен тим во Евролигата, кој во првите два натпревари успеа да направи “брејк“ е екипата на Панатинаикос во дуелот со Барселона.