Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и екипата на Олимпијакос забележаа минимална победа 68-67 на гостувањето во Сиена кај Монтепаски. Корпулетниот кошаркар за 19 минути минати на паркетот постигна 9 поени и четири скокови.

Вториот македонски преставник во Евролигата, Лестер Бо Мекклејб претрпе пораз 67-87 од Каха Лаборал и ги загуби и теоретските шанси за пласман во нокаут фазата.

Мекклејб постигна 16 поени и беше најефикасен во својата екипа, но тоа беше мала утеха за натурализираниот Македонец.

Мх.П.