Екипата на Барселона им одржа вистинска лекција по модерна кошарка на Лестер Бо Мекклејб и Фенербахче пред своите гледачи победувајќи ги 99-60.

Лошата ноќ за Фенербахче, “блауграната“ ја најави уште во првата четвртина која ја доби со шест разлика. Играта на Фенербахче се распадна во вториот квартал, во кој постигнаа само шест кошеви, а Барселона уфрли 27.

Претпоследната и последната четвртина беа чиста формалност. Кошаркарите на Барселона со пола сили го доиграа натпреварот и ја забележаа победа на….

Најпрецизен во составот на Барселона беше Микел Пете со 17 кошеви, а двоцифрен број на поени постигнаа уште четири кошаркари. Македонскиот репрезентативец Мекклејб реализираше 17 поени за 36 минути на паркетот.

Резултати :

Група Е : Броуз Баскет – Уникаха Малага 65-68, Жалгирис – Панатинаикос 73-78.

Табела : Реал Мадрид 14, Анадолу Ефес 14, Панатинаикос 13, ЦСКА Москва 12,  Уникаха Малага 12, Жалгирис 11, Алба Берлин 8, Броуз Баскет 8.

Група Ф : Фенербахче – Барселона 60-99, Макаби – Монтепаски 92-61.

Табела : Барселона 15, Монтепаски 14, Химки 11, Каха Лаборал 11, Олимпијакос 11, Макаби Електра 11, Фенербахче 10, Бешикташ 7.

Мх.П.