Челниците на Реал Мадрид, побарале, претстојниот првенствен „Ел
Класико“, да биде одигран во попладневен термин, пренесуваат медиумите
во Шпанија. Барањето на Реал следува откако е познато дека во вторник на 5.март ги
очекува реванш натпреварот во осмина финалето, во Лигата на шампиони,
против Манчестер Јунајтед.

Првично, раководството на ’кралскиот клуб’ побара дуелот со Барселона да
биде одигран во петок на 1.март, но од Примера и од Барселона го одбија
тој предлог. Компромис би требало да биде направен со тоа што дуелот би се одиграл во сабота на 2.март, со почеток во 16 часот.

Овој термин не е премногу популарен во Шпанија, барем за најпопуларните
клубови (Барселона, Реал, Атлетико Мадрид, Севиља) бидејќи тие ги
користат предвидените, ексклузивни телевизиски термини.

Сепак, бидејќи се работи за „Ел Класико“, терминот не би требало да
претставува никаков проблем, бидејќи се работи за екипи кои во било кое
време привлекуваат внимание од навивачите.

“Макфакс“