Првиот натпревар пред една седмица на Ноу Камп заврши без победник 2-2, така беше и на овој меч но до 75-та минута кога Иниеста и Меси погодија за победа од 4-2. Првите два голови за Барса ги постигнаа Педро и Пике, а за домаќинот Хоакин и Санта Круз.
Првиот натпревар помеѓу шпанските гиганти се игра на 30 јануар, а домаќин е тимот на Реал Мадрид. Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Атлетико Мадрид и Севиља.