Екипите на македонските репрезентативци Перо Антиќ (Олимпијакос) и
Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче) своите натпревари ќе ги одиграат во
четврток, за противници ќе ги имаат Макаби, односно Химки.
Олимпијакос, во Нокиа арена, во Тел Авив, ќе има тешка задача против
Макаби, иако „гордоста на Израел“ не импресионира со игрите во оваа
фаза. истата констатација важи и за европскиот првак Олимпијакос, кој во
минатото коло, на домашен терен, загуби добиен натпревар против
Монтепаски.
Двете екипи по четири кола имаат само една победа и овој натпревар е
една од последните шанси за двата тима да фатат приклучок со водечките
четири екипи.
Фенербахче се наоѓа во уште понезавидна положба од Олимпијакос, турскиот
тим е една од четирите екипи заедно со Алба, Бамберг и Бешикташ, кои
сеуште немаат победа во Топ 16 фазата.
Фенербахче, во петтата рунда ќе го пречека Химки, кој во првите четири кола има победи над Макеби и Барселона.
Дербито на колото ќе го одиграат шпанските екипи Каха Лаборал (која е во
серија од седум победи во Евролигата) и Барселона. Инаку Каха Лаборал,
заедно со ЦСКА москва, Монтепаски и Реал Мадрид е екипа со максимални
четири победи во првите четири кола.
Двојки :
Четврток, 24. јануари:
Група Е:
20:30 Алба-Бамберг
Група Ф:
19:30 Фенербахче-Химки
20:15 Каха Лаборал-Барселона
20:45 Макаби-Олимпијакос
Петок, 25. јануари:
Група Е:
17:00 ЦСКА Москва-Уникаха
19:00 Анадолу Ефес-Жалгирис
20:00 Панатинаикос-Реал Мадрид
Група Ф:
20:45 Минтепаски-Бешикташ