Бранителот на трофејот во Евролигата, Олимпијакос во кој настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ забележа победа на гостински терен победувајќи го Бешикташ 60-79.
Антиќ беше скромен во победата постигнувајќи два поени за нешто повеќе од тринаесет минути минати на паркетот. Натурализираниот македонец Мекклејб во Сиена немаше своја вечер и зад неговото име запиша 10 кошеви.
Резултати : Бешикташ – Олимпијакос 60-79, Монтепаски – Фенербахче 87-69, Каха Лаборал – Макаби 66-62, Реал Мадрид – Броуз Баскет 76-73, Барселона – Химки 71-69.