Со тројката на Дијамантидис во последните секунди од мечот, Панатинаикос победи против Барселона 66-65 и ја изедначи серија 1-1 во четвртфиналето во Евролигата.


Серијата подобар до три се преселува на теренот од Панатинаикос, а таму сешто може да се случи иако Барселона е голем фаворит сезонава за освојување на пехарот.


Со натпреварите ЦСКА Москва – Каха Лаборал (1-0), Олимпијакос – Анадолу Ефес (1-0) и Реал Мадрид – Макаби (1-0) ќе се комплетира втората рунда од четвртфиналето во Евролигата.

Мх.П.