Македонскиот фудбал останува без свој претставник во завршната квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа, откако англискиот премиерлигаш Тотенхем со 3-1 (1-0) ја совлада и елиминираше Шкендија.

Тетовските „црвено црните“ иако изгубија на се посрамотија и му пружија солиден отпор на европскиот вицепрвак од 2018 година.

На Тотенхем му требаа пет минути да го отвори резултатот на Националната арена „Тодор Проевски“. Прецизен беше Ерик Ламела. Тој резултат беше активен до 55-та минута кога Шкендија со евроголот на Валмир Нафиу изедначи на 1-1. Нафиу со одмерен удар го матираше Џо Харт.

Гостите од Лондон работите под своја контрола ги вратија од 70-та до 80-та минута со два голови во мрежата на Захов. Водството го врати Хари Кејн, а го дуплираше Хонг Сон. Тој резултат остана до крајот натпреварот.

Головите од натпреварот Шкендија – Тотенхем

Шкендија после елиминацијата во Лигата на Европа комплено ќе се насочи кон мечевите во Првата лига, додека на Тотенхем му преостанува уште еден меч до остварување на целта-пласман во фазата по групи.

OhridNews
Фото и видео: Гол.мк