Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Олимпијакос ја забележаа петтата победа во Евролигата совладувајќи го тимот на Каха Лаборал со 82-74.

Актуелниот освојувач на трофејот во Евролигата, Олимпијакос клучната разлика за триумф ја обезбеди во првите две четврини кои ги доби со 18-11 односно 23-16.

Таа разлика “црвено белите“ ја одржаа до крајот на мечот и се приклучија во горниот дел од табелата.

Антиќ за осумнаесет минути поминати на паркетот поентираше осум пати и додаде два скокови. Најпрецизен во победничкиот состав беше Лоу со 18 поени. Во шпанскиот клуб со 16 кошеви најефикасен беше Хертел.

Резултати :

Група Е : Анадолу Ефес – ЦСКА 63-60, Реал Мадрид – Алба Берлин

Табела
:
Анадолу Ефес 16, Реал Мадрид 14, , Панатинаикос 13, ЦСКА Москва 12, 
Уникаха Малага 12, Жалгирис 11, Алба Берлин 8, Броуз Баскет 8.

Група Ф : Олимпијакос – Каха Лаборал 82-74, Химки – Бешикташ 87-56

Табела : Барселона 15, Монтепаски 14, Химки 13, Олимпијакос 13, Каха Лаборал 11, , Макаби Електра 11, Фенербахче 10, Бешикташ 7.

Мх.П.