Нивото на Охридското Езеро според утринските мерења на ЕЛЕМ, се наоѓа на горната максимално дозволена граница при состојба на големи води од 694 метри надмoрска височина (м.н.в.), додека според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, тоа е на 693, 96 м.н.в. Мерењата на ЕЛЕМ и УХМР постојано имаат разлика од неколку сантиметри.

Охридското Езеро од октомври минатата година до сега е покачено за околу 80 сантиметри.

OhridNews