При крај е украсувањето и на градскиот плоштад каде во организација на локалната самоуправа охриѓани и бројните гости ќе можат да ја дочекаат Новата Година под отворено небо, а имињата на најмалку две познатии естрадни ѕвезди од земјава кои ќе пеат на 31 декември во Охрид ќе бидат познати денеска.

Според најавите на градоначалникот најверојатно тоа ќе бидат Елена Петреска и Ламбе Алабакоски. Претседателот на организацискиот одбор Сашо Алче не ја потврди, ниту ја демантира оваа информација, но рече дека имињата на пеачите кои ќе настапат во Охрид за Нова Година ќе бидат соопштени денеска кога се очекува да боде и потпишан договор со нив.


организаторот денеска се очекува да ги објави имињата на пеачите

Инаку сценариото за прослава на Нова година  е веќе утврдено. Прославата  ќе започне со забава за најмладите кои на 31 декември во 11 ч. ќе го пречекаат Дедо Мраз на плоштадот каде е предвидено градоначалникот на Охрид да подели околу 400 пакетчина.

Загревањето вечерта ќе започне со локални и изведувачи кои настапија на фестивалот Канео фест, а главната журка стартува во 23 ч. со настап на најмалку една позната ѕвезда од домашната естрада.