Лидерот на Социјадемократската унија на Македонија -СДУ, денеска во Охрид силно ги критикуваше таканаречените големи партии, кои според него креираат неповолен изборен амбиент.

Големите партии креираат амбиент на нерамноправност и го узурпираат медиумскиот простор, државната администрација е под голем притисок, а тоа ќе биде уште поизразено од понеделник кога ќе започне изборната кампања, рече Еленовски.

Еленовски изнесе и забелешки за работата на ДИК, која како што рече, е злоупотребена од големите партии. „Има илјадници случаи за кои ДИК не покренала постапка ниту размислува да покрене“, рече Еленовски.

Претседателот на СДУ кој присуствуваше на потпишувањето на Декларацијата за изборно достоинство, како исклучително позитивно го оцени однесувањето на партиите кои го потпишаа документот.

Партиите во Охрид со потпишување на оваа декларација покажаа високо ниво на политичка култура, но и високо национално чувство, нешто што отсуствуваше во изминатите избори, истакна Еленовски.

Ohridnews